Friday, September 1, 2017

August favorites

Здраво, добродојдовте на мојот нов пост.
Бидејќи помина месецот август решив да споделам што користев во текот на овој месец. 
Па да почнеме.

Немам многу производи, но навистина ми се супер сите.
Најпрво ќе почнам со производите за коса.
Овој спреј за коса, поточно еликсир од L'Oreal го користев секој ден. На мокра или на сува коса не ми беше важно бидејќи има преубав мирис и останува на косата долго време. Инаку го земав затоа што имам оштетена коса, го пробав и навистина ми се допадна. Забележав дека ми го намали пукањето на врвовите како што пишува на самиот производ. А, истотака и дава и малку сјај на косата.

Следен производ за коса е шампон за суво миење на косата од BALEA.
Мојата коса е таква што вториот ден ми е масна, а сите знаеме дека не е здраво за косата да се мие секој ден. Па затоа го земав овој шампон. Одличен за толку мала цена, има пријатен мирис и супер функционира.

Следни производи се за лице. 
Најпрво за нега на лице. Го користев овој лосион за чистење и за отстранување на митесерите од Clean&Clear.
После отстранување на шминката со влажни марамици го поминував лицето со овој лосион и навистина ја вадеше целата нечиститија останата. А за митесерите не можам да кажам дека ми ги отстрани веднаш, за тоа треба да се користи подолго време. Супер е што не се троши брзо, потребно е малку за целото лице.

Следно е оваа ББ крема од GARNIER. 
Одлична лесна пудра за топлите летни денови. Има добра покрицност како за ББ крема и не се чувствува ништо на лицето што беше супер за топлиот месец.

Следно е овој стик за контура од Golden Rose.
Ми беше потребно нешто кремасто за контурирање па се решив да го пробам овој стик. Супер е не се размачкува тешко а и нијансата ми се погоди хаха. ( бројчето е 22)

Претпоследен производ за лице, поточно за очи е оваа сенка од MAC во нијанса Sweet lust lustre. 

За оваа сенка можам да кажам дека ми беше за цело лето фаворит не само за месец август. Нежна розева боја, светкава ја користев на целиот очен капак. За било која прилика е совршена.

Последно е производ за усни. Ова моливче од Flormar (нијанса 106) се вклопување одлично со розевата сенка.

 Супер боја за лето и морам да ја пофалам трајноста. Го ставав на целата уста без кармин врз него, не ми беше потребно ништо друго.

Се надевам ви се допдна овој пост. Ова е мојот прв пост за фаворити на месец па се надевам ќе има  и следните месеци исто вакви постови доколку имам производи нови.
Поздрав!