Friday, September 1, 2017

August favorites

Здраво, добродојдовте на мојот нов пост.
Бидејќи помина месецот август решив да споделам што користев во текот на овој месец. 
Па да почнеме.

Немам многу производи, но навистина ми се супер сите.
Најпрво ќе почнам со производите за коса.
Овој спреј за коса, поточно еликсир од L'Oreal го користев секој ден. На мокра или на сува коса не ми беше важно бидејќи има преубав мирис и останува на косата долго време. Инаку го земав затоа што имам оштетена коса, го пробав и навистина ми се допадна. Забележав дека ми го намали пукањето на врвовите како што пишува на самиот производ. А, истотака и дава и малку сјај на косата.

Следен производ за коса е шампон за суво миење на косата од BALEA.
Мојата коса е таква што вториот ден ми е масна, а сите знаеме дека не е здраво за косата да се мие секој ден. Па затоа го земав овој шампон. Одличен за толку мала цена, има пријатен мирис и супер функционира.

Следни производи се за лице. 
Најпрво за нега на лице. Го користев овој лосион за чистење и за отстранување на митесерите од Clean&Clear.
После отстранување на шминката со влажни марамици го поминував лицето со овој лосион и навистина ја вадеше целата нечиститија останата. А за митесерите не можам да кажам дека ми ги отстрани веднаш, за тоа треба да се користи подолго време. Супер е што не се троши брзо, потребно е малку за целото лице.

Следно е оваа ББ крема од GARNIER. 
Одлична лесна пудра за топлите летни денови. Има добра покрицност како за ББ крема и не се чувствува ништо на лицето што беше супер за топлиот месец.

Следно е овој стик за контура од Golden Rose.
Ми беше потребно нешто кремасто за контурирање па се решив да го пробам овој стик. Супер е не се размачкува тешко а и нијансата ми се погоди хаха. ( бројчето е 22)

Претпоследен производ за лице, поточно за очи е оваа сенка од MAC во нијанса Sweet lust lustre. 

За оваа сенка можам да кажам дека ми беше за цело лето фаворит не само за месец август. Нежна розева боја, светкава ја користев на целиот очен капак. За било која прилика е совршена.

Последно е производ за усни. Ова моливче од Flormar (нијанса 106) се вклопување одлично со розевата сенка.

 Супер боја за лето и морам да ја пофалам трајноста. Го ставав на целата уста без кармин врз него, не ми беше потребно ништо друго.

Се надевам ви се допдна овој пост. Ова е мојот прв пост за фаворити на месец па се надевам ќе има  и следните месеци исто вакви постови доколку имам производи нови.
Поздрав!






Monday, August 21, 2017

The Make Up Athority BELLAOGGI


Здраво. Добродојдовте на мојот нов пост. 
Ќе зборувам за италијански козметички бренд BELLA OGGI.
Од оваа козметика имам два сета од кои денес за еден ќе кажам мое мислење.
Станува збор за The Make Up Athority сет од 56 сенки, 8 кармини, 4 руменила, 1 молив за очи, 1 молив за усни и 1 сјај. 

Кога ќе се отвори најпрво се 48 мали сенки во различни бои.

Како што гледате некои, поточно светлите бои не се многу пигментирани.Најдобар пигмент имаат сините, виолетовите и кафените сенки. Лошата страна на овие сенки што се ронат, па поради тоа и не ги користам често. 
Следно кога ќе се отвори има 8 поголеми сенки. За овие можам да кажам дека се многу подобри од малите сенки. Не се ронат и се добро пигментирани. 
Ова се бои кои секоја жена би требало да ги има затоа што се секојдневни и може да се употребуваам во различни варијанти.  Во овој дел се наоѓаат и две мали четки за сенка и за руменило. Исто така има и моливче за очи, за усни и розев сјај. 

Најмногу ми се допадна моливчето за очи бидејќи има одлична пигментација и тешко се вади. А за моливчето за усни не ми се допаѓа само бојата. И сјајот според мене е добар, иако не преферирам сјаеви да носам.
На крај има како фиока што се отвара и туке се 8те кармини и 4 руменила. 

Розевите т.е. посветлите бои не ми се допаѓаат бидејќи не се баш пигментирани, додека потемните бои се добри.
 И на крај се руменилата. 
Супер се и боите и пигментацијата за руменило е одлична. 

ЦЕНА: 2050 денари

Во овој сет има скоро се од шминка и е супер за патувања, многу е практично бидејќи носите со себе многу работи во едно пакување.

Тоа беше за овој пост, се надевам ви се допадна.
Поздрав!


Saturday, August 19, 2017

CATRICE Makeup

Здраво!
Во овој пост решив да ја покажам мојата мала колекција од шминката на CATRICE.
Повеќето работи можат да се најдат сеуште во дрогериите, па доколку ви се допадне некој производ можете да го имате. 



Овој производ може да се најде сеуште е во продажба, а тоа е прајмерот на CATRICE.
Јас го имам белиот, а постојат уште зелен и розев. Навистина добар производ за комбинирана кожа. Ја држи шминката на место цел ден, а ви треба само малку производ за целото лице.  



 Следен производ е оваа сенка за очи. Се работи за LIQUID METAL EYESHADOW со бројче 100 What do you Sea? . Има предобар пигмент и многу трајна и без да се стави прајмер на очите.

Следно е овој хајлајтер кој го имам од почеток на јануари и сеуште има многу останато. Нијансата е 010 Light Infusion. Одличен хајлајтер! Најдобар евект остава кога се става на лицето со четка за хајлајтер или со прсти.


Ова моливче е наменето за правење на Smokey eyes. Одлична пигментација, може да се користи и без да се бленда со четката на самото моливче и останува како што е ставено.



 Следно е CATRICE HD LIQUID COVERAGER FOUNDATION во 020 rose beige.
Долготрајна до 24 часа, со одлична покривност пудра.

Претпоследниот производ е коректорот. Водоотпорен кој има супер покривност. Мојот е во најсветла нијанса 010 Porcellain.

И на крај е овој кармин кој е во 120 Wood rose propose нијанса. Одличен за преку ден лесно се нанесува, но долготрајноста не е баш добра.

Се надевам ви се допадна овој пост. Очекувајте исто вакви постови во иднина.
Поздрав!


Thursday, August 10, 2017

LUSH Mask of magnaminty.

Здраво на сите!
Денешниот пост, а и мојот прв пост на овој блог е рецензија за маската од LUSH Mask of magnaminty.
LUSH е природна козметика која што има многу избор за сите видови на кожа, коса и слично.
Има голем избор на маски. Јас ја одбрав оваа маска затоа што имам проблематично лице, т.е. нечисто лице, а оваа маска беше токму за мојата кожа па решив да ја пробам.
Ја купив во мај ( за 390 денари ) и ја кростев цели 3 месеци како што пишува на самото пакување дека е најдобро да се користи свежа. На пакувањето пишува дека е и за тело но јас ја користев само на лице.
Употреба:

Јас ја употребував 3 или 4 пати неделно и ја држев на лице од 10 до 15 минути ставајќи тенок слој. Потоа кога ќе се исуши и стврдне со млака вода и пешкирче нежно ја отстранував од лицето. По тоа ставав крема за лице што ми одговара на мојата комбинирана кожа. Веднаш се чувствува кожата свежа. За летно време кога е тоопло е супер маската бидејќи има освежувачки ефект заради тоа што соджри пеперминт. 

Можам да кажам деканавистина ми помогна оваа маска, ми го исчисти лицето како ни еден друг производ, а имам навистина многу производи пробано на моето лице. Пробајте ја ќе се воодушевите.

Се надевам дека ви се допадна овој пост! Ќе има уште други рецензии на различни производи, очекувајте многу скоро.
Поздрав!